← НАЗАД НА БОЗА

Кетрин Зита Џоунс: Враќање на болеста

Кетрин Зита Џоунс: Враќање на болеста
1132 Читања

Глумицата Кетрин Зита-Џоунс повторно побарала помош поради биполарното пореметување од кое страда, што е според зборовите на нејзиниот публицист, “проактивен” начин на грижа за нејзиното здравје.

Како што пренесуваат агенциите, ова е втор пат глумицата да бара помош од 2011. година, кога за прв пат се рашири веста дека таа има биполарно пореметување тип 2, што е по благ облик на болест која ја карактеризира нагла промена на расположението и хистерично однесување.

–          Кетрин проактивно се пријави во болница – рекола публицистката Сиси Јорк.

Зита-Џонс (43), која добила Оскар за улогата во мјузиклот “Чикаго” за прв пат се појавила во болница по стресот кој го доживеала кога на нејзиниот сопруг Мајкл Даглас му бил откриен рак на грлото.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk