ШоуБиз

Ким Кардашијан е бремена!

Познатата ријалити ѕвезда ќе биде мајка! Среќниот татко е раперот Кание Вест со кој се во врска нешто помалку од година дена.

Веста за бременоста на Ким беше објавена лично од Кание за време на неговиот концерт во Атлантик Сити. Кание рекол на музичарите да ја сопрат музиката и да одсвират нешто специјано за идната мајка, која е веќе во 12 –та седмица од бременоста.

Бременоста на Кардашијан беше потврдена официјално и на Твитер. Членовите на семејството буквално се надпреваруваа да ја поздрават и да ја изразат својата среќа од фактот што наскоро семејството ќе се зголеми за еден член.

Во моментов Ким е во тек на развод со НБА играчот Крис Хемфрис со кој се разделија во август минатата година откако беа во брак само 72 дена.

 

Напиши коментар