ШоуБиз

Ким Кардашијан се подмладува со сопствената крв!

Популарната Ким Кардашијан се пдвргнала на третман за убавина со сопствената крв.

“Сакам да испробам се што може да ми помогне да се чувствувам млада и убава”, изјавила старлетата.

Нејзиниот пријател Џонатан Чебан за малку ќе се онесвестел додека ги гледал докторите како работат.

Станува збор за нов козметички третман кој е безболен, кратко трае и не предизвикува алергии. Третманот трае 18 месеци. Се започнува со вадење на крвта од која потоа со посебен процес се одвојува плазмата од крвните келии. Постапката на убризгување се прави со многу тенка игла, па овој процес е помалку болен од третманот со ботокс. Се нарекува “вампирски филтер” бидејќи при самиот процес се користи крвта на пациентот.

 

Напиши коментар