Старлетата Ким Кардашијан (32) која за два месеци ќе стане мајка, уште еднаш ги покажа своите облини во бикини.
Идната мајка и вереничка на раперот Каније Вест последните неколку дена ги помина во Грција, одмарајќи се заедно со своето семејство. По проблемите кои ги имаше со тесната гардероба, Ким сепак реши да облече бикини и на сите да им покаже дека е во седмиот месец од бременоста. Старлетата признава дека и понатаму мака мачи со комбинирање на гардеробата бидејќи не сака да изгледа дебела.