Славниот рапер Каније Вест следниот месец мора да оди на судење поради тепечката со папарацото Данијел Рамосо, кој тврди дека музичарот го удрил по лицето и му ја фрлил камерата на под. Изгледа дека Ким воопшто не е убедена дека нејзиното момче не е криво, па се плаши дека Каније ќе заврши во затвор и ќе ја остави сама да се грижи за нивната ќерка Норт.
“Ким е навистина вознемирена. Постојано плаче пред Каније и му вели дека и е потребна неговата помош околу Норт”.
“Таа инсистира на тоа дека не може сама да се бори, а загрижена е дека судијата од раперот ќе направи пример, особено поради фактот дека и порано правел проблеми.
Инаку, Каније Вест во 2008 година бил уапсен поради сличен инцидент, но тогаш тужбата била отфрлена.