ШоуБиз

Ким Кардашијан завршила во болница поради проблеми со бременоста

Ким Кардашијан,која го чека своето прво дете со нејзиното момче, наводно е примена во болница, во вторникот навечер.

Старлетата почувствувала јаки болки по слетувањето во Лос Анџелес, каде што пристигнала од Париз, поради кои се исплашила дека има спонтан абортус.

“На Ким нагло и се слошило во авионот, кога се враќала од Париз, и ги повикала пријателите штом стигнала во Лос Анџелес.  Набргу отишла во болница, мислејќи дека има спонтен абортус”. Изајавил еден од нејзините пријатели.

Сепак ,по деталните прегледи, докторите дошле до заклучок дека мајката и бебето се добро, но ја советувале Ким дека треба да намали со вежбањето бидејќи тоа може да му наштети на бебето.

Изворите тврдат дека ријалити звездата е незадоволна со својот физички изглед откако е бремена, и сака по секоја цена да го спречи зголемувањето на килограмите, па вежба седум дена во неделата.

“Kим ги ска своите облини, но вознемирена што повеќе неможе да ја носи својата стара гардероба”, изјавил извор близок до семејството Кардашијан.

Напиши коментар