На интернет веќе се појавија првите идеи на најталентираните и најпознатите модни дизајнери за тоа како теба да изгледа венчаницата која Ким Кардашијан ќа ја облече на денот на нејзината свадба. Кој ќе биде среќниот дизајнер и кому ќе му припадне честа да ја сошие венчаницата на Ким, засега не е познато, но јасно е дека ѕвездата е цврсто решена овој пат, облечена во црно да зачекори кон олтарот. Сигурни сме дека фустанот ќе биде повеќе од скандалозен!
Откако пред еден месец се вери со своето момче Кание Вест, мама Ким изјави дека сака спектакуларна свадба. Да споменеме дека Ким до сега два пати чекореше кон олтарот и тоа во бело. Можеби затоа сега ѕвездата сака да се појави во црна тоалета.
Елегантен и префинет – црниот фустан е храбра одлука за една невеста, но дали Ким навистина ќе се одлучи за него останува да дознаеме.

