Motherhood

Ќе биде со вас само “во добро”: Пет типови на мажи кои едноставно не се за брак

Како на време да откриете кој е, а кој не е за брачни обврски?

–          Момчето кое зборува само за себе и за своите проблеми, додека вашите, благо кажано, не го  интересираат.

Тука станува збор за несигурен тип, кому му е потребна жена која ќе му помогне да се чувствува подобро. Ќе бара ваша помош за да “стане супермен”, а никогаш нема да стане.

–          Другиот тип е момче кое зборува за бракот, бидејќи знае дека тоа е она што вие сакате да го слушнете, но не превзема ништо.

–          Момче кое ве пушта да зборувате за бракот и вашите големи планови, а тој само слуша и не учествува.

Каде ќе живеете, колку деца ќе имате и слично, нему му е апсолутно сеедно.

–          Господинот кој за се што е врзано за брак има изговор – мора да се посвети на кариерата, да добие унапредување, не е добра положбата на месечината за брак итд.

–          И за крај го оставивме “ајде прво да се забавуваме” типот на момче.

Ваквиот тип ќе биде со вас се додека му е забавно, а кога забавата малку ќе се стивне, најверојатно ќе тргне во потрага по нови авантури. Како ќе го препознаете? На таков тип насмевката од лицето ќе му исчезне штом го споменете бракот, иако бил одлично расположен цел ден. Само сте му ја расипале забавата.

 

Напиши коментар