Македонската радио-телевизија одлучила со потполно нова песна да учествува на предстојниот Евросонг. Овие денови ќе се спреми нова нумера, додека изведувачите ќе останат исти, Есма Реџепова и Влатко Лозановски.
– Точно е, песната се менува, не знам зошто. Што и да се напише, кога јас и Влатко ќе отпееме, ќе звучи одлично- рекла Есма Реџепова.
Избрани се и нови автори кој ќе мораат да работат брзо, бидејќи доколку Македонија сака да настапи на Евросонг, песната мора да биде готова до 18. март.
– Ќе се заврши на време- додала Есма.
Спорната песна “Империја” беше представена на 28. фебруар. Предизвика бурни реакции, па три дена по прикажувањето спотот беше повлечен од јутјуб.
