Петнаесетгодишната ќерка на поп пеачот Мајкл Џексон, Парис, префрлена е во болница во Лос Анџелес, бидејќи се обидела да изврши самоубиство, изјавила нејзината мајка Деби Роу.
Им благодарам на сите кои мислат на Парис во овие моменти и цениме што ја почитуваат нашата приватност, изјавил адвокатот на мајката на девојчето.
Според тоа како пишува сајтот TMZ, ќерката на поп кралот ги исекла вените додека се наоѓала во семејната куќа во Лос Анџелес.
Познато е дека Парис е многу активна на Твитер, каде редовно поставува фотографии и интересни видео клипови.
Нејзината последна порака преку оваа популарна друштвена мрежа бил стих од песната на Битлси: “Yesterday all my troubles seemed so far away but now it looks as though they’re here to stay” ( Вчера, сите мои грижи делуваа толку далеку, но сега се чини дека се тука за да останат).
