ШоуБиз

Ќерката на Витни Хјустон чека бебе

Боби Кристина, ќерката на починатата пеачка Витни Хјустон наводно го очекува своето  прво дете со својот вереник Ник Гордон. Ник е инаку незванично усвоениот син на Витни, откако таа го прифатила уште кога бил дете. Боби и Ник се во врска од минатиот март, пред четири месеци потврдија дека се верени, а сега наводно очекуваат бебе. Пријателите и семејството на Боби Кристина се загрижени бидејќи сметаат дека со 19 години сеуште не е спремна да стане мајка, како и тоа дека сеуште е во депресија поради шокот кој го доживеа пред една година кога Витни почина.

Напиши коментар