
Ќерката на трагично починатата пеачка Витни Хјустон, Боби Кристина, се верила за момчето кое нејзината мајка го посвоила кога имал 12 години! Боби Кристина Браун ја потврдила својата веридба на својата Фесбук страница. Таа на сите оние кои се згрозувале поради овој чин им порачала дека Ник не е нејзин роднина. “Да ви објаснам нешто, ние не сме вистински брат и сестра, ниту пак е тој мојот посвоен брат”. Таа порачува и дека Витни знаела дека тие двајца ќе бидат во врска, и не се противела. “Мојата мајка ме познаваше подобро од сите вас. Ми велите дека ми го зборувате ова бидејќи ме сакате. Тоа се глупости, бидејќи да ме сакавте, ќе сакавте да бидам среќна”, порачала 23-годишната девојка. Ник и Боби се верија во ноември 2012. година, но веридбата беше раскината на инсистирање на нивното семејство.
