Потребни состојки:
350гр мелено пилешко месо (може и месо по ваш избор)
1 главица ситно исецкан кромид
3 чешниња пасиран лук
1 јајце
1 голем компир
½ лажици зачин
1 лажица ситно сецкан магдонос
вегета за пилешко
свежо измелен бибер
сол, по вкус
2-3 лажици лебни трошки
Подготовка:
– Загрејте го маслото во тава и додадете ги кромидот и лукот да се издинстаат.
– Додадете го изренданиот компир, па и него кратко пропржете го.
– Оставете да се олади.
– Во тањир ставете го меленото месо.
– Додадете го сецканиот магдонос и зачините, вегетата за пилешко, биберот, солта и јајцето, па сето тоа добро измесете го со раце.
– Додадете ги лебните трошки за да добиете компактна смеса.
– Формирајте топчиња, па ставете ги во масло да се испржат.