ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 30мл масло за пржење
* 1 лажиче чубрица
* 1 лажиче бибер
* 1 врска магдонос
* 7 лажици брашно
* 300гр сирење
* 1кг компири
* 2 јајца
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Излупете ги и сварете ги компирите. Додека се уште топли, исецкајте ги на ситни парчиња.
- Откако добро ќе се изладат, кон нив додадете 1 јајце, 2 лажици брашно, натрошено сирење и зачините. Направете ќофтиња.
- Оформените ќофтиња тркалајте ги во останатото брашно, потопете ги во јајцата и пржете ги во врело масло.
- Сервирајте со свежа салата или гарнир по избор.
