Motherhood

Клучот на среќата

Среќата во нашиот живот зависи од квалитетот на нашите мисли.
Среќата е единствената работа кон која сите тежнеат. Никој не сака да биде тажен и депресивен. Меѓутоа, постојат многу луѓе кои се секогаш, дури во најолемата агонија на животот, среќни. Тоа не значи дека тие не чувствуваат болка или тага,тие само не дозволуваат да превземат контрола над нивните животи. Еве неколку работи кои среќните луѓе ги пратат:
–  Ценетете го животот
Бидете благодарни што сте се разбудиле живи. Развиете детско чувство на чудење према животот. Искористете го секој ден. Не земајте ништо здраво за готово. Фокусирајте се на убавината на секоја жива работа.
– Паметно бирајте ги пријателите
Окружете се со среќни и позитивни луѓе кои ги делат вашите вредности и цели. Пријатели кои имаат иста етика за да можат да ви даваат храброст да ги остварите своите соништа. Тие ќе ви помогнат да се чувствувате добро. Тука се да ви подадат рака за помош кога ви е најпотребно.
– Бидете внимателни
Пробајте да им го осветлите денот на сите кој доаѓаат во контакт со вас. Ценете ги такви кави што се. Помогнете им кога  можете, без да пробувате да ги смените.
– Креативно решавајте ги проблемите
Немојте да се сожалувате. Научете да им верувате на своите инстикти.
– Уживајте во животот
Дајте си време да уживате во убавините околу себе. Најдете време да го гледате заоѓањето на сонцето со саканата личност. Научете да живеете во сегашноста и во моментот и негувајте го.
– Простувајте
Бесот нема да повреди никој освен вас самите. Простете им на другите за да го пронајдете својот духевен мир. Кога ќе направите грешка признаете ја-учете од нејзе и простете си себе си.
– Гледајте си го својот живот
Сконцентрирајте се на креирањето на животот на начин на кој вие сакате. Немојте да се оптеретувате за тоа што другите прават и зборат. Не им судете. Секој има право да го живее својот живот онака како тој сака-вклучувајќи ве и вас.
– Оптимизам
Пронајдете ги позитивните страни на било која ситуација. Се се случува со некоја причина. Оттргнете ги негативните мисли.
– Безусловна њубов
Прифатете ги другите такви какви што се. Не ставајте ограничувања на вашата љубов.
– Самодоверба
Не пробувајте да бидете нешто што не сте. На крајот на краиштата никој не сака лажни. Одредете кој сте вие во внатрешноста-што сакате а што не. Бидете уверени во тоа кој сте вие.

 

Напиши коментар