Здраво тело

Кои болести ги лекува белиот слез?

Белиот слез се користи за смирување на кашлицата, за обложување на слузницата ( гастритис, чир на желудникот) и намалување на иритацијата. Се применува кај бронхитис, воспаление на респираторните органи, воспаление на бешиката и камен во мокрачните патишта.

Коренот и листот од белиот слез содржат слуз која ги смирува слузниците стварајќи заштитен слој околу нив.

Како се употребува белиот слез?

Коренот од бел слез се полива со зовриена и оладена вода и се остава да одстои 2 часа. Чајот се процедува и се пие неколку пати дневно, по желба може да се загрее пред употреба. Коренот од бел слез не треба да се вари.

Напиши коментар