Motherhood

Кои жени се посреќни?

Германците спровеле една анкета врз 22.000 испитаници од 28 различни земји. Резултатите од анкетата покажале дека мажените жени се посреќни и позадоволни од оние кои не се во брак.

Ова особено се однесува на жените кои живеат во традиционалните земји каде сметаат дека жената треба да стапи во брак најдоцна до 25-та година. Жените кои не се во брак, во овие држави живеат со своите родители и мора да ги почитуваат нивните куќни правила, со што нивната слобода е значително скратена во однос на девојките кои живеат во развиените земји.

Затоа и резултатите на оваа анкета покажуваат дека посреќни се мажените жени. Жалосно е што во традиционалните земји жените кои се над 25 години, а не се во брак се на мета на озборувањата. Па многу од нив стапуваат во брак токму од овие причини.

Напиши коментар