Здраво тело

Кој е најздравиот појадок и афродизијак?

Што најмногу сакате да каснете за појадок? Да ви раскажеме малку! Муслиииии!

Точно така – мусли! Знаете ли зошто? Тие имаат три предности на кои тешко ќе одолеете. Имено, здрави се, помагаат во губењето на килограми иии… делуваат како афродизијак!

Сигурно знаете дека благодарение на сложените јаглехидрати и целулоза, содржани во зрнестиот појадок, тој е одличен за одржување на формата. Муслито се месле потешко, што доведува до губење на повеќе енергија и калории. А освен тоа има способност да ве зајакне и тоа за долго.

Зрнестиот појадок е многу корисен бидејќи го чисти гастроинтестиналниот тракт. Плус, снегулките, сушеното овошје и медот, кој обично ги вклучува, го полнат организмот со корисни витамини и минерали.

Иии… За финале го оставивме најновото откритие за муслито. Тие го зголемуваат либидото!

Научниците развија специјални рецепти за мажите и жените кои дествуваат како моќен афродизијак . Еве ги и нив:

Рецептот за дамите вклучува мусли со полен од пчели, црн сусам, боровинки и семки.

За господата пак се препорачува следнава комбинација – мусли со ѓумбир, семе од сончоглед, бадеми и лен семиња. Специјалистите тврдат дека муслите приготвени со овие состојки ќе го зголемат либидото за 20 минути откако сте ги каснале. А ако редовно ги козумирате за појадок, ќе го подобрите вашиот сексуален живот во долг рок.

Па, не ни останува ништо друго освен да ја провериме оваа работа во пракса!

 

Напиши коментар