ШоуБиз

Која е девојката што го магепса Хари Потер?!

Спротивно на гласините дека Даниел Ратклиф е во врска со својата колешка Ерин Дарк, викендов актерот беше забележан во друштвото на мистериозна бринета шетајќи по лондонските улици.

Да, точно е дека Радклиф беше виден во поинтимна атмосфера со Ерин – за време на филмскиот фестивал во Јута минатата седмица. И двајцата биле доста внимателни и не сакале да се најдат во кадар за жолтата штампа.

И покрај гласините за евентуалната афера со колешката, пред само неколку дена актерот бил забележан во друштво на сексапилната бринета. Во случајов Даниел не успеал да се скрие од папараците, а на нас останува да чекаме да се потврди идентитетот на мистериозната девојка.

 

Напиши коментар