Здраво тело

Коктел кој го уништува туморот

Научниците развиле вакцина против рак, која го продолжува животот. Моментално вакцината се дава на пациенти кои се наоѓаат во трета и четврта фаза.

Руски научници од сибирскиот институт за имунологија развиле вакцина против ракот која го продолжива животот на пациентите.

Вакцината успешно ги помина клиничките испитувања,а моментално се дава на пациентите кои се во третата и четвртата фаза на болеста. Изумот не е класична вакцина која се користи за да ја спречи болеста, туку е еден вид на терапија. Корисна е против неколку вида на рак: рак на дојка, рак на простата и рак на дебелото црево.

Заедно со дендричните клетки, постојат и други клетки кои се борат против ракот, па затоа треба да се искористат. Потребен е коктел кој целосно ќе го промени имунолошкиот систем за да се постигне саканиот ефект. Научниците напоменуваат дека треба да се користат и останатите типови на терапија како што се хемотерапија и радиотерапија.

Write A Comment