Здраво тело

Коктел со лимон и киви за согорување на маснотиите

Доколку ви е тешко да држите строги диети, а од вас се бара да симнете малку килограми, имаме одлично решение за вас. Тоа се вика “зелен” коктел за топење на масти. Кој притоа е многу освежувачки, вкусен и здрав! Пиете по 1 литар секој ден. Но за побрзи резултати ограничете ги слатките, тестенините и пржените јадења.

Потребни ви се 800мл. минерална вода, 2 киви, 2 лимони, 5-6 китки магдонос, 5-6 гранчиња нане и 1 лажичка мед. Измешајте ги излупените лимони и киви, заедно со медот, во блендер (може и со миксер). Иситнете го магдоносот  (а може да го ставите и дирекно во блендер) и додадете ја минералната вода. Исецкајте ги листовите од нане и готово. Доколку сакате, можете да додадете и неколку коцки мраз.

Најдобро е коктелот да го пиете на гладно срце и најмалку 30 минути пред јадење.

Напиши коментар