ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ЧОКОЛАДНИОТ ПРЕЛИВ:
10 лажици млеко
100гр маргарин
100гр чоколадо за готвење
10 лажици шеќер
ЗА ТЕСТОТО:
2 чаши јогурт
2 лажичиња сода бикарбона
2 чаши шеќер
0.5 чаши масло
2 чаши брашно
2 чаши какао
ПОДГОТОВКА НА ТЕСТОТО
Во поголем сад ставете брашно, сода бикарбона и какао.
Додадете го шеќерот и добро измешајте.
Постепено додавајте го јогуртот и мешајте. Мешајте ја смесата се додека не исчезнат топчињата. Додадете го и маслото и мешајте додека смесата не се соедини.
Премачкајте го плехот со масло или путер и ставете брашно.
Припремената смеса ставете ја во плех и печете 40 минути на 220 степени.
ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ
Растопете ги чоколадото, маргаринот и млекото.
Додадете го шеќерот, измешајте и почекајте да се истопи. Откако колачот ќе се испече, оставете го да се олади, исечете ги краевите, па полиете го со чоколадниот прелив.
Оладениот колач исечете го на коцки и послужете.