Мојата кујна

Колач од мелени бисквити

Подготовка:

Во врела вода сипете го шеќерот и варете за да добиете сируп. Додадете маргарин и мешеајте додека не се стопи.

На оваа смеса додадете ги мелените бисквити, кокосово брашно, рум и малку екстракт од ананас. Добро измешајте и во сад намачкан со маргарин ставете го колачот, обликуван по желба.

За глазура, пенасто изматете 80 грама маргарин, додадете чоколадо, матете се додека не добиете изедначена смеса. Со глазурата завршете го колачот.

Состојки:

  • 400гр шеќер
  • 250гр маргарин
  • 250гр мелени бисквити
  • 100гр кокосово брашно
  • 1 дл рум
  • Екстракт од ананас
  • 80гр маргарин
  • 1 реда чоколадо

Напиши коментар