ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 чаши брашно
¾ чаши какао во прав
2 лажичиња сода бикарбона
1 лажиче прашок за пециво
1 лажиче сол
1 ванила
3 јајца
1 чаша млеко
1 чаша сварено кафе
½ чаши масло
ЗА ГЛАЗУРАТА:
70гр путер
100гр црно чоколадо
2 лажичиња сварено кафе
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во голем сад измешајте го брашното, шеќерот, какаото, сода бикарбона, прашокот за пециво и солта. Измешајте убаво.
Кон добиената смеса додадете го свареното кафе, млекото, јајцата и ванилата. Матете со миксер околу 2 минути, по што ќе ја ставите смесата во сад за печење.
Печете 30-40 минути на 180 степени. Кога колачот ќе се олади ставте ја подготвената глазура.
За неа измешајте масло, чоколадо и кафе. Ставете ги на пареа да се истопат целосно.