Потребни состојки:
Рендана кора од 3 лимони
180гр шеќер
80гр путер
4 јајца
малку сол
80мл исцеден сок од лимон
За подлога:
170гр интегрален бисквит
100гр путер
ванилин шеќер
За филот:
2 кесички желатин
100мл вода
500гр крем сирење
60гр шеќер во прав
50мл сок од лимон
лажичка рендана кора од лимон
¾ подготвен мармалад од лимон
300мл слатка павлака
Начин на подготовка:
Прво, подгответе мармалад од лимон. Ренданата кора и шеќер ставете ги во блендер и добро измешајте додека не се соединат. Путерот, на собна температура, пенасто изматете го и постепено додавајте го подготвениот шеќер со лимонова кора и едно по едно јајце. Додадете сол, сок од лимон и ставете на пареа со постојано мешање и гответе додека смесата не постигне температура околу 80 степени (околу 10 мин готвење), но не смее да почне да врие и да се згусне. Најпрво оладете го на собна температура, а потоа во фрижидер.
Подлогата подгответе ја на начин што мелениот интегрален бисквит ќе го додадете во стопениот путер и ванилин шеќер. Калапот за торта (20-22 cm) обложете го со проѕирна фолија и истурете ја смесата на дното. Оставете во фрижидер да се стегне. Желатинот подгответе го како што пишува на кесичката. Крем сирењето мешајте го со миксер и постепено додадете шеќер, потоа сок од лимон, кора од лимон и ¾ подготвен и ладен мармалад. Додадете го желатинот во смесата. На крајот додадете шлаг од павлака. Смесата истурете ја на оладената кора од бисквити. Останатиот мармалад од лимон лимон распоредете го по колачот, оставете во фрижидер добро да се стегне. Колачот извлечете го од калапот и ако сакате декорирајте со шлаг.
Добар апетит!
