ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
*100гр сино сирење
*100гр путер
*1 супена лажица павлака
*1 жолчка
*120-140гр брашно
40-50гр кашкавал од типот “гауда”
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изгмечете го синото сирење со вилушка, во него додадте го растопениот путер и повторно изгмечете ја смесата:

Во смесата додадете ги жолчките и павлаката, мешајте ги додека да добиете хомогена смеса. Додадете го и брашното и замесете го тестото:

Направете еден круг од тестото, па оставете го фрижидер околу еден час. Повторно расмесете го тестото до дебелина од 0,5см и одозгора ставете од ренданиот Гауда кашкавал.

Направете ги колачињата во формички кави што имате, па ставете ги на хартија за печење.

Ставете ги во загреана рерна на 210 степени и печете ги околу 10-15 минути.

