Децата ќе се воодушеват во моментот кога ќе ги видат, а вие ќе се запрашате како да ги направите. На спретните раце на домаќинките ова нема да им претставува никаков проблем, а за младите љубители на готвењето и изработување на интересни десерти може биде вистински предизвик! Во секој случај вреди да се обидете!
Ги нарекуваат колачиња на пријателство, а она шт ги прави неодоливи се боите и украсите. Пред да се фрлите на изработка, размислете колку добри пријатели имате вие или вашите деца, за некоја да не се налути.

Подгответе тесто, модли и дел со кој ќе ги исечете срцињата.
Покрај тоа што се вкусни, овие колачи се и украси и се идеални за подарок. За нивна изработка ви е потребно големо трпение, бидејќи во почетокот може да се случат мали незгоди како пукање, но работата е во праксата! Изработката на тестото нема да ви претставува проблем, а она што е ново е бојата која ќе ја додадете во тестото. Нека биде по ваш избор.

Еден дел од тестото одвоете и од него направете ‘глави’ за пријателите.
Во еден дел од смесата ставете боја, развијте тесто со помош на модла во облик на срце направете колачиња. Другиот дел од смесата кој ќе ви користи за правење на украсите испечете ја без додавање на бои.

Кога ќе се оладат почнете со украсување.
Кога вашите колачи ќе бидат готови оставете ги на масна хартија и со помош на модли поделете ги како на сликата уште додека се топли и оставете ги да отстојат неколку часа за да се оладат. Така ќе го спречите нивното пукање.
Ви устанува уште само декорација која е како игра. Половинките од колачињата измазнете ги па исполнете ги со боја, на нив ставете мали колачи кои ќе ги претставуваат главите и украсете по желба. Идејата е ликовите да изгледаат како вашите пријатели.

