Женските чевли на Brian Atwood се едни од најпрепознатливите во светски рамки. Тие брзо се претвораат во иконични, а познатите дами се натпреваруваат која ќе се здобие прва со творението на г-дин Atwood.

Па, дами, освен за чевлите веќе може да се натпреварувате и која ќе се здобие со првата женска торба од овој бренд.

Придржувајќи се до класичната формула кај своите модели на чевли, дизајнерот продолжува да експериментира со матерјали и бои.

Чантите не се разликуваат со необичен дизајн, туку се направени со многу вкус и се во чекор со модата.

Со нив ќе придадете голема доза на сјај и стил на пролетно-летната гардероба.

 

Напиши коментар