Според статистиката до навршување на 2 години децата нормално е да боледуваат од настинки и вирусни инфекции околу 9 пати годишно дури и почесто, ако детето оди во градинка или во семејството има поголемо дете.
Настинките всушност представуваат вирусни инфекции, чии причинители се распространуваат од човек на човек, најчесто по воздушно – капков пат и во затворен простор. Ширењето на вирусите настанува при кашлање и кивање. Се пренесуваат и при директен и индиректен контакт. Штом ќе се најдат вирусите во слузокожата на носот или очите инфекцијата се развива брзо и во респираторниот тракт.
Настинката трае околку десетина дена дури и без терапија. Кај малите деца, доенчињата, консултацијата со лекар е повеќе од задлжителна бидејќи кај нив состојбите преминуваат брзо една во друга и може да се стигне до бронхит или пневмонија.
Специфична терапија против респираторните вирусни инфекции нема. Антибиотици се змеаат кога ќе се развие вторична бактериска инфекција. Важно е детето да конзумира многу течности и здрава храна што вклучува свежо овошје и зеленчук. Во случај на покачена температура се земаат антипиретици во соодветната доза за возраста. Соодветни се парацетамол и ибупрофен.
При отежнато дишење потребно е да се чисти носот со солена вода или капки. Се препорачува капките да се користат 15 минути пред јадење или доење. Кај доенчињата непосредно после тоа им се дава цуцла лажливка – така цицањето ги одржува респираторните патишта проодни.