Креветите кои ги гледате по градините и тремовите се различни од оние што се лоцирани во нашиот дом. Најпрво тие треба да бидат направени од специјални материјали, за да можат да ги издржат условите. Тие исто така треба да бидат водоотпорни, а доколку не се такви, треба да се чуваат во специјални заштитени зони. Друга важна нивна карактеристика е дека тие треба да се отпорни на сонце и другите елементи. Но, нешто што сите кревети имаат заедничко е идејата дека треба да се удобни. За вас денеска одбравме една колекција од неколку комфорни и многу стилски надворешни кревети.