Потребни состојки:
* 4 компири
* 100гр сирење
* 300гр спанаќ
* 50гр кашкавал
* 20гр путер
* сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирите ги миеме убаво и ги вариме цели (со кората). Откако ќе се изладат ги сечеме на половина и секоја половина ја издлабуваме со лажичка, без да го фрламе остатокот. Спанаќот го вариме, ситно го сецкаме и го мешаме со остатокот од издлабените компири, сирењето и путерот, по што ја пасираме добиената смеса. Ги полниме компирите со готовата смеса и ги поросуваме со ренданиот кашкавал. Ги ставаме во подмачкана тава па во рерна, да се печат додека не поруменат.