Здраво тело

Копривата – мала аптека

Билкарите ја нарекуваат копривата “мала аптека”, која лекува речиси се. Тоа не е случајно, бидејќи таа е ризница на витамини, минерали, органски киселини и други корисни материи.

Нејзините фитохемикалии се содржани во микроскопските влакненца на листовите на копривата. При допир тие ослободуваат три вида киселини кои предизвикуваат печење и чешање.

Копривата е многу корисна со енергијата која ни ја дава. При првите сончеви зраци таа веќе никнува. Тоа значи дека таа е аптека со сонце. Таа во нас пумпа дирекна сончева светлина.

Меѓу лековитите својства на копривата се:

–          Чистењето на лимфата и крвта

–          Спречувањето на анемија

–          Стимулирање на крвотворната функција

–          Благотворно дејство врз имунолошкиот систем

–          Многу помага во борбата против пролетниот замор

–          Лекува артритис

–          Исклучително е корисна при алергии и воспаленија

Напиши коментар