Здраво тело

Копривата против пролетен замор

Уште од нашите баби сме чуле дека копривата е бескрајно корисна и многу вкусна. Значи оваа сезона не пропуштајте да направите јадења, чаеви, пијалоци и секакви маски за разубавување од неа.

Копривата е исклучително богата со железо, калциум, магнезиум, и витамините А, Б, Д, Е и К. Тоа сигурно ќе ви даде сила и ќе ви помогне да се борите против пролетниот замор. Јадете ја и во случаи на авитаминоза, крварење, обилна и болна менструација и стомачни проблеми.

Чајот од коприва пак без проблеми може да го замени утринското кафе. Овој пијалок се пие и за детоксикација и слабеење. Затоа, доколку вклучите повеќе коприва во дневното мени, ќе си обезбедите свеж изглед, храбра мисла и совршена фигура.

 

Напиши коментар