ШоуБиз

Кралицата нема да дозволи бебето да се вика Дајана

Принц Вилијам и неговата бремена сопруга Кејт Мидлтон сакаат да го крстат бебето Дајана, но кралицата Елизабета Втора не го одобрува решението.

Според американскиот таблоид  „National Enquirer”  принцот и Кејт сакаат бебето ако биде девојче да го крстат во чест на неговата покојна мајка Дајана која беше наречена „Принцезата на народот“ и беше многу сакана од британците.

Решението на младиот пар најавува сериозна семејна драма. Вилијам се обратил кон својот татко, принцот Чарлс за подршка, но тој изјавил дека нема намера да заземе страна во оваа битка. Чарлс разбира дека неговиот син сака да одаде чест на својата покојна мајка, но кралицата никогаш нема да отстапи од своето решение дека името не е „соодветно“, продолжува да раскажува изворот.

Кејт треба да го роди детето во јуни, а на нас останува да видиме како ќе се одвиваат работите во кралското семејство.

Напиши коментар