Благодарение на големата количина на минерални соли кои ја содржат краставиците, тие се одлична намирница за чистење и негување на кожата на лицето. Краставицата содржи витамин Е, кој е одличен за заштита на кожата од штетните радикали и ја штити од предвремено стареење.
Доволно е на убаво исчистено лице да нанесете тенки листови од краставица. За подобар ефект прекријте се со памучен пешкир. По 20 минути кожата ќе биде свежа и мека. Не е потребно да се измивате, доволно е да нанесете крем за лице.