ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 лажици какао
* 2 лажици брашно
* 200гр сецкани ореви
* 120гр шеќер во прав
* 2 белки од јајце
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ги матиме белките како снег заедно со шеќерот.
- Го додаваме брашното, какаото и сецканите ореви.
- Со помош на лажичка истураме од смесата на купчиња во тава, претходно намачкана со масло и посипана со брашно.
- Печеме во умерена рерна.
