Мојата кујна

Крем карамела

…Фантастичен десерт за оние со стил !

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 ¼ шолја кафен шеќер

300 милилитри хопла

1 ½ шолја млеко

1 лажичка екстракт од ванила

6 јајца

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Се загрева рерната на температура од 150-170 степени Целзиусови. Се варат  ¾ шолја кафен шеќер со 1 чаша ладна вода, на тивок оган. Сето тоа се меша 5 мин, односно додека шеќерот не се растопи. Потоа, температурата се зголемува и смесата се меша сé додека не добие златна боја. Се тргнува на страна, малку да се олади и после тоа се прелива во шест огноотпорни чаши.

Се мешаат млекото, хоплата и екстрактот од ванила во сад, на тивок оган, во времетраење од 6 до 8 минути, односно додека не се добие густа смеса со меурчиња. Се тргнува на страна.

Се матат јајцата, со остатокот од шеќерот, сé додека не се постигне бледо кремаста смеса. Полека додавајте ја хоплата и мешјте полека. Додадете ја смесата во садот.

Ставете ги садовите во голем плех. Истурете вода, на висина до средината на садовите и печете ги смесите во времетраење од 30 минути. Откако ќе бидат испечени, ставете ги во фрижидер да се оладат. Потоа, со нож, извадете ја стврднатата смеса од садовите, ставете ја на тенка чинија и прелијте ја со неодоливата карамела.

После ова, Ви преостанува вистински да уживате !

Напиши коментар