Мојата кујна

Крем супа од тиквици

Потребни состојки:

1 Поголема тиквица

1 Средна главица кромид

2 Моркова

Зачин од сушен зеленчук

1 Лажица брашно

Чаша млеко

Маслиново масло, оцет,босилек

Подготовка:

1 . Кромидот ситно исецкајте го и ставете во маслото да се испржи додека не зарумени. Измиете ги морковите, тиквицата олупете ја и одстранете и ги семките. Потоа исецкајте ја на коцки додадете ја во испржениот кромид.

2 . Додадете вода и оставете да врие се додека зеленчукот не омекне. Додате половина чаша млеко и зачинот од сушен зеленчук.

3 . Испасирајте ја супата со блендер или миксер.

4 . На крајот додадете ја водената запршка ( две до три лажици брашно помешани во половина чаша млеко) и по неколку минути исклучете ја.

5 . По желба, пред да сервирате можете да додадете и малку оцет и да украсите со листови од босилек.

Напиши коментар