Крис Браун ќе мора да помине 90 дена во рехабилитацискиот центар според налогот на судот од Лос Анџелес. Имено, пејачот е осуден да помине три месеци во центар по избор на судот каде ќе се бори со проблемите со контролирање на бесот.
На Крис му прети и друга казна поради тоа што минатиот месец ја прекршил условната казна кога во Вашингтон бил уапсен бидејќи нападнал еден човек кој сакал да се фотографира со него.

