ШоуБиз

Крис Браун по Ријана настојува да освои богата наследничка!

Тукушто раскина со Ријана, Крис Браун настојува да ја освои наследничката на модниот ланец Топшоп, Клои Грин. Новиот пар веќе е забележан во неколку ноќни клубови во Лос Анџелес, а Крис ја поканил Клои и на својата роденденска забава. “Клои го сретна Крис минатата година, додека тој пееше на роденденот на нејзиниот татко” пренесува еден извор за списанието The Sun. “ Одсекогаш беше негова обожувателка и мисли дека тој е навистина згоден”. Откако тој не е повеќе со Ријана а таа со Марк Антони, тие двајца се повеќе време поминуваат заедно и одлично се забавуваат”. Интетресно е што во овој момент Ријана го тужи баш Топшоп и бара оштета од5.5 милиони долари, бидејќи компанијата наводно бесправно ја користела нејзината слика на своите маици.

wenn20134186

Напиши коментар