ШоуБиз

Крис Браун: “Тоа беше најголемата грешка во мојот живот!”

Пејачот зборувал за моментот кој во 2009 година го шокираше светот, а и денес, поради обновената љубов, е доста актуелна тема.

Но, Крис Браун, кој ја претепа Ријана пред четири години, тврди дека тоа била негова најголема грешка во животот.  Со Ријана е повторно во врска, а за сè искрено се изјаснил…

“Таа ноќ беше најголема грешка во мојот живот, навистина, најголема. Но таа ме сака, што да кажам? Простено ми е, но за тоа многу се потрудив. Понекогаш се расправаш со личноста која ја сакаш и работите стануваат малку полоши од она што си планирал”, објаснил Браун.

По инциднтот, се чини дека Крис Браун и понатаму се карактеризира како ‘еден од налошите момци’ во светот на шоубизнисот. Но, пејачот истакнува дека сака да побегне од тој лош имиџ, бидејќи тврди дека всушност не е таков.

Инаку, Крис и Ријана во последниве денови одмарале на Хаваи, каде пејачката го прославила 25-тиот роденден, а фотографиите со Крис ги објавила на социјалните мрежи.

Spending time together: The newly reconciled couple spent Rihanna's 25th birthday in Hawaii last week

Reunited: The couple have put the 2009 incident, which Chris claims is his 'greatest regret', behind them

 

Напиши коментар