Sweet Home

Куќа од иднината

Оваа вила се појавува како резултат на барањата на клиентот – да биде со едноставана но “изненадувачка” архитектура, со отворен, но карактеристичен план, да е минималистичка но и луксузна.

Најкарактеристичното решение во резиденцијата е подземниот кат, до кој се доаѓа низ речиси невидливо тркалезен ископ во дворот. На ова ниво се наоѓаат велнес центарот и собите за гости. На горното, надземно  ниво, се наоѓа отворен простор – дневна, трепезарија и кујна, и неколку сервисни простории вешто сокриени во задниот дел.

Спалните соби се на вториот кат и се развиени како автономни простории.

 

Напиши коментар