Оваа инспиративна куќа за одмор во Калифорнија, се наоѓа на самиот брег на Тихиот океан…
Домот на две нивоа е паметно издигнат на дрвена платформа над плажата, и има прекрасен поглед на околината. Отворена дневна соба и трепезарија се наоѓаат на првиот спрат и поврзани се со терасата.
Нејзиниот стил е едноставен и минималистички, како да не сака да ги вознемирува во уживањето на убавините на океанот. Едноставната палета од бои, составена е од бела, црна и сива и одлично одговара со спокојната атмосвера.










