Sweet Home

Куќи од иднината: Fish House

Не сакаме да ви досадуваме со постојани материјали за интересни архитектонски проекти, но кога ја видовме оваа куќа, едноставно не можевме да се воздржиме… Тoa е Fish House, се наоѓа во Сингапур и е дизајнирана од локалното студио Guz Architects.

Основната идеја на резиденцијата е да биде во целосна согласност со околината и природата што ја одржува активната врска со неа. Според авторите, таа е модерен тропски бунгалов, но ние не би се изразиле толку едноставно. Целокупната архитектура и отворените простории се оформени така што во внатерешноста се создава природна вентилација и постојана свежина. Огромните прозорци обезбедуваат прекрасен поглед кон плажата и морето, како и слободен пристап на сончевата светлина.

Куќата има подземно ниво, од каде се гледа внатрешноста на базенот. Покривот е од криви панели, кои потсетуваат на морски бранови, а дел од него е покриен со соларни панели, кои обезбедуваат енергија за напојување на домот.

Базенот, лоциран во внатрешниот дел на дворот, ја опкружува куќата до некаде. Во него има островче, а над водата се издига огромна тераса на две нивоа.

Внатрешноста е исто така полна со свежи и шарени вибрации.

 

Write A Comment