Sweet Home

Куќи од иднината: House Lombardo

House Lombardo е неверојатна куќа, која се наоѓа над езерото Lugano  во Швајцарија. Целта на архитектите била да се задржи прекрасната глетка во која може да уживате пливајќи во надворешниот базен, која се наоѓа во дворот на куќата. Главната стамбена површина е поврзана со градината која претставува трибина на два спрата. Нема ѕидови или други архитектонски елементи, кои ја попречуваат оваа магична глетка. Бели ѕидови и отворени простории – ова се главните карактеристики на овој дизајнерски проект. Во овој проект на внатрешноста, концептот се сведува на три димензии – воздух, светлина и волумен.

Архитектите на House Lombardo создаваат еден прекрасен дом со предмет на дизајн – дневната светлина. Посебен акцент се става на прозорците и лизгачките врати, кои можат да бидат целосно отворени или до половина. Минималистичкиот мебел привлекува внимание и создава чувство на просторност и светлина.

 

 

Напиши коментар