Дизајнирана од архитектите Makan Rahmanian и Kamran Heirati, оваа неверојатна куќа е посебна со својот максимализам. Изградена е од дрво, бетон и цинкови панели и се наоѓа во Иран. Оваа величествена куќа има единствен панорамски поглед, 6 спални, впечатлив спа центар, огромен базен, гаража со место за 5 автомобили и многу други удобности. Внатрешноста на куќата речиси не е поделена и така се добива една голема, пространа и светла соба, каде се наоѓаат кујната, дневната соба, место за релаксација и место за бизнис состаноци. Импресионирани сме како од внатрешноста така и од надворешноста, кои се правени со еднаква љубов и напор. Една куќа со сопствен стил и дух, со кој може да се пофалат сопствениците.


















.jpg)
.jpg)
