Оваа неверојатна куќа е особена со својот максимализам. Зградата е изградена од дрво, бетон и цинкови панели и се наоѓа во Иран.
Оваа величенствена куќа располага со уникатен панорамски поглед, 6 спални, неверојатен СПА центар, огромен базен, гаража со место за 5 коли и многу други луксузи.
Внатрешноста на куќата речиси не е поделена и така се добива еден голем и светол простор. Импресионирани сме како од екстериерот, така и од ентериерот кои се направени со многу љубов и естетика.
Куќа со сопствен стил и дух со што можат да се пофалат сопствениците.