ШоуБиз

Лагерфилд јавно го критикува стилот на Мишел Обама!

Дизајнерот Карл Лагерфилд смета дека новата фризура на Мишел Обама ја прави да изгледа како спикерка на вести.

Првата дама на САД ја покажа својата нова фризура со шишки минатата седмица и макар што доби многу позитивни оценки, директорот на модната куќа Шанел си го кажа своето без влакна на јазикот.

„Не ја разбирам промената на фризурата. Ја обожувам и сакам г-ѓа Обама, но има една спикерка на  вести на каналот LCI со истата фризура. Искрено кажано воопшто не и одговара. Шишките се лоша идеја, не ми се допаѓа“, изјави Лагерфилд.

 

Напиши коментар