Кание Вест очајнички сакал Лана Дел Реј да пее на неговата просидба на Ким Кардашијан, но пејачката јасно му ставила на знаење дека не е расположена за такво нешто. Кание ја сакал Лана, бидејќи омилената песна на Ким е нејзиниот хит “Young & Beautiful”, но како што пренесува Радар Онлајн, музичарката го одбила без размислување.
“Лана љубезно го одби но не му објасни зошто не сака да настапи. Кание пробуваше да ја убеди, но тоа не водеше никаде. Кание беше упорен, но тоа не му помогна. Потоа, тој реши да изнајми цел оркестар кој ја испеа песната “Young & Beautiful” за Ким, вели еден извор близок до парот.

