Потребни состојки:
500гр тесто за лазањи
1кг домати
250гр пиперки
250гр броколи
500гр рендан кашкавал
1 кромид
0,8 децилитри маслиново масло
Сол
Бибер
Подготовка:
Издинстајте го кромидот, доматите и пиперките на малку масло. Откако зеленчукот ќе биде готов додадете ги цветовите од брокулите и внимателно измешајте. Ставете сол по вкус. Обарете го тестото за лазањи во солена вода, исцедете ги и измијте ги со ладна вода. Во плех премачкан со путер, ставете малку сос од зеленчукот, потоа ставете ред тесто, па повторно малку сос и ренданиот кашкавал и се така додека не го потрошите матерјалот. На крајот целата смеса посипете ја со ренданиот кашкавал и ставете коцки путер врз него. Печете во загреана рерна 20 минути на умерена температура.
